gogo

A+ R A-


Силекс без шанси во „Автокоманда“

Металург - Силекс 3-0

&feature=player_embedded

Металург се врати на првото место на табелата, откако денеска без никакви проблеми славеше со 3-0 на дуелот со Силекс. Фудбалерите на Жикица Тасевски влегоа максимално мотивирани во овој меч, создадоа многу шанси и со три постигнати гола ги израдуваа своите навивачи. Гостите од Кратово се надваа дека ќе извлечат нешто повеќе од гостувањето во скопската населба „Автокоманда", но избраниците на тренерот Андовски не успеаја да му се спротивстават на расположениот домаќин.

Металург ја имаше првата одлична можност на натпреварот, но обидот на Чурлинов заврши над пречката од голот на гостите. Во 17. Минута Металург дојде до заслужена предност. Еден центаршут од десната страна пристигна на главата на Чурлинов, младиот голгетер шутираше во голманот, кој кратко ја одби топката. На вистинското место се најде Бажи Илиовски, кој од пет-шест метри ја затресе мрежата на Силекс. До крајот на првото полувреме домашниот тим имаше можност да дојде и до поубедливо водство, но гостинскиот голман Божиновски одлично интервенираше при обидите на Крстев и на Чурлинов. За одбележување е дека Силкс во 29. Минута ја имаше својата најубава можност, но ударот со глава на Насевски беше одлично одбранет од страна на Павловиќ.

Во второто полувреме Силекс ја отвори својата игра, се обиде да стигне до израмнување, но со самото тоа остави и доста простор во својата половина. Баже Илиоски знаеше како да го искористи тоа во 73. Минута од натпреварот, кога на додавање на Начевски зголеми на 2-0 и ги разреши сите дилеми околу победникот на оваа средба. Конечните 3-0 беа дело на Начевски, кој немаше тешка задача со гол да ја круниса одличната контра и асистенцијата на Љамчевски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.