Извонреден старт на фудбалерите на Силекс по враќањето во прволиггашкото друштво. Две домашни победи против Работнички и Скопје, и реми на гостински терен против големиот фаворит Шкендија, тоа е епилогот по три одиграни кола, по кои четата на стратегот Горазд Михајлов се најде на втората позиција. Денес во Кратово гостува Академија Пандев (16 часот), и со нови три бода и кикс на лидерот Струга која гостува на Шкендија, кратовци ќе ја запоседнат лидерската позиција и несомнено ќе пораснат апетитет во тековната сезона:
Мал хендикеп за кратовци ќе биде неиграњето на Љамалари и Ричков, кои поцрвенеа во претходното коло, а повреден е и српскиот интернационалец Маринковиќ.