gogo

A+ R A-


Силекс елиминиран во Купот, пеналите кобни за кратовци

fudbal-vardar-metalurg

Ширум Македонија попладнево се одиграа реваншите од осминафиналната фаза во купот.

Дури на четири средби се изведуваа пенали откако се постигнаа идентични резултати како на првите натпревари.

Помеѓу осумте најдобри не успеа да се пласира шампионот Вардар и покрај денешната победа над Металург. „Железарци“ одат понатаму поради гол повеќе постигнат на гостински терен. Второлигашите ќе имаат свој претставник меѓу осумте најдобри, откако Дрита денес на пенали го елиминира Силекс.

Двојки и резултати од денешните реванш средби во осминафиналето и вкупни резултати:

Македонија ЃП – Шкендија 0:2 (0:4 вкупен резултат)
Вардар – Металург 2:1 (2:2)
Ренова – Тетекс 2:2 (2:2, на пенали 6:7)
Миравци – Пелистер 2:0 (0:2, на пенали 2:3)
Дрита – Силекс 1:0 (0:1, на пенали 8:7)
Брегалница – Хоризонт Турново 1:0 (1:1, на пенали 3:0)
Новаци – Работнички 1:2 (1:6)
Напредок – Гостивар 1:2 (4:2).

Во следната фаза се пласираа Шкендија, Металург, Тетекс, Пелистер, Дрита, Брегалница, Работнички и Напредок.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.