gogo

A+ R A-


Силекс гази се пред себе

Падна и шампионот Ренова во Кратово

пишува - Оливер Арсовски

Фудбалерите на Силекс се наоѓаат во извонредна серија од четири последователни победи, и тоа против најквалитетните тимови во лигата. Последната жртва на забревтаниот тим на Силекс е актуелниот првак Ренова, кој го положи оружјето пред неприкосновените кратовци кои сезонава немаат пораз на домашен терен. Извонреден меч одиграа домашните фудбалери, кои во сите 90 минути доминираа, а сето тоа го крунисаа со двата погодока со глава на робусниот Ѓорѓи Заревски во 48. и 57. минута за голема победа од 2-0. Со овој триумф Силекс се искачи на делба на третото место, со само еден бод заостаток зад водечкиот Металург. Следниот викенд кратовци повторно играат дома со Хоризонт Турново и со нови три бода ќе атакуваат на првата позиција.

головите може да ги видете на следниот линк

http://sitel.com.mk/dnevnik/fudbal/metalurg-se-vrati-na-liderskata-pozicija-vo-prvata-liga

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.