Раководството на Силекс денес ги претстави новите засилувања за сезоната 2017/18, вкупно осум до овој момент. Се работи дел за познати имиња кои доаѓаат од наши прволигаши, дел се млади талентирани играчи кои допрва треба да се докажуваат, а дел се странски фудбалери на кои Силекс треба да им биде отскочна даска во нивните кариери.
Да одиме со ред.
1. Мартин Блажевски
Играч за врска, 25 години, доаѓа од Пелистер, играл за Тетекс, Дрита (Косово) и Вардар
2. Бобан Георгиев
Крилен напаѓач, 20 години, доаѓа од Брегалница Штип
3. Димитар Иванов
Напаѓач, 22 години, доаѓа од Еуромилк, играл за Тетекс, Вардар, Металург, Љубанци.
4. Вељко Плазиниќ
Напаѓач, 25 години, доаѓа од Слога Пожега, тим во кој постигна 10 погодоци во ланската сезона, има настапувано за Драгачево, Слобода Чачак и Полет.
5. Дејан Благојевиќ
Лев бек и стопер, 27 години, доаѓа од БСК Борча, играл за Мачва Шабац, Дрина Зворник
6. Антонио Маркос де Оливеира Жуниор - Тони
Десен бек, крило, 23 години, доаѓа од Тупинамбас (Бразил, играл и за Интернационал и Рио Бранко
7. Благојче Иванов
голман, 18 години, доаѓа од Металург и член на млади репрезентации
8. Горан Трајковски
голман, 20 години, доаѓа од Македонија ЃП, член на помладите репрезентации
9. Дарко Алексовски
Играч за врска, 26 години, доаѓа од Кит-Го Пехчево, со богата интернационална кариера во БСК Борча, Синѓелиќ, Локомотива Белград, Модрича. Минатата
сезона постигна 15 голови во дресот на Кит-Го на 16 меча.
10. Ненад Нешовски
универзалец, од младинската школа на Силекс, има 18 години, потпиша 5-годишен договор.
Кондиционен тренер - Борче Лазарев - Боре
доаѓа од редовите на ракометниот клуб Металург, каде бил во стручниот штаб на Лино Червар како кондиционен тренер