gogo

A+ R A-


Силекс го ангажираше првото засилување, напаѓачот Петар Икиќ

altФудбалскиот прволигаш Силекс денес ја отвори сезоната на зимски трансфери со ангажман на крилен напаѓач од Србија. Од клубот информираат дека се засилиja со Петар Икиќ, роден 1991 година, играч кој игра во нападот, а одлично се снаоѓа и по крилните позиции. Во кариерата настапувал за Јастребац, Житораѓа, Топличанин и Синѓелиќ Ниш. Последниве две години во дресот на Синѓелиќ на 50 мечеви постигна 18 голови и 30 асистенции. Во клубот од Кратово се надеваат дека со доаѓањето на Икиќ ќе се зголеми конкуренцијата во нападот, каде реално кратовци беа најтенки во есенската полусезона.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.