По денешниот пораз од Шкендија, фудбалскиот прволигаш Силекс го допре дното и се најде на позиција која води во второлигашкото друштво. Единствено одамна отпишаната Беласица стои полошо на прволигашаката табела, додека кратовци се заковани на претпоследната позиција, со очајна сезона во која на 25 меча собраа само 26 бода. Со само една победа на последните 11 мечеви, избраниците на Горан Симов си ги намалија шансите за директен опстанок, а се чини и баражот може да остане недостижен доколку не се подобри играта и бодовното салдо. Делува неверојатно, но сите се прашуваат како е можно тимот кој летово играше во квалификациите на Лигата на шампиони, со многу мали играчки промени, годинава да заборави да игра фудбал и да се најде на ова дереџе.
Се чини, една од можните причини за вака лошиот пласман на табелата лежи во домашните настапи на Силекс. Ако низ годините стадионот во Кратово важел за неосвоива тврдина, тоа веќе не важи. Кој стигна однесе бодови од Кратово, па дури и една Беласица си замина со полн плен. Само 3 победи на домашен терен на 12 мечеви, тоа е доволен индикатор кои бодови недостигаат на контото на Силекс.
Силекс во следните три кола ќе биде на голем тест. Следува домашен меч со Вардар, па две гостувања на Пелистер и Ренова.
Јунаците се познаваат кога се на голема мака.
Силекс го допре дното, следува борба за „гол опстанок“
Најново
![]() | Денеска | 7563 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 16293 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 7563 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20925572 |