gogo

A+ R A-


Силекс го победи 11 Октомври со 3-0, првенец на Павловиќ

Избраниците на српскиот стратег Небошја Петровиќ ја забележаа втората победа на контролните натпревари во Охрид. Силекс со 3-0 го совлада прилепскиот второлигаш 11 Октомври. Двајцата тренери контролниот натпревар го искористија за проба на некои варијанти, а во тоа подобро се снајдоа фудбалерите на Силекс.

alt


Резултатот во првиот гол го отвори Павловиќ, а во вториот дел победата за кратовчани ја заверија Ѓоргиев и Велинов.

-    Иако по втор пат победуваме второлигаш можам да кажам дека сум задоволен од играта на моите фудбалери.  Од меч во меч ја подобруваме играта, и полека го гледам костурот на екипата за пролетниот дел од сезоната – истакна Петровиќ.alt

www.ohridnews.com

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.