Фудбалерите на Силекс беа на прагот да приредат голема сензација и да го совладат славниот украински клуб Шахтјор Доњецк, но сепак не издржаа во вториот дел од мечот и примија четири гола, за конечни 1-4. Во пријателскиот меч во Анталија кратовци поведоа со голот на Дејан Тантуровски во 42 минута, најавувајќи дека можат и по вторпат да го совладаат гигантот и редовен учесник во ЛШ, откако пред 20 години го совладаа со 2-1 во Кратово.
Во второто полувреме измените во составот на Шахтјор вродија со плод, па нововлезените Алан Патрик, Корниенко и Степаненко во период од 55. до 69. минута постигнаа три гола за предност од 1-3. Во 90. минута Додо заокружи за конечни 1-4.
На претходните два тест дуели во Анталија, кратовци исто така загубија од украински Колос и српскиот Нови Пазар.
СИЛЕКС (МКД) – Шахтјор Доњецк (Укр) 1-4 (1-0)
Стадион на „Регнум спорт центар“, Анталија. Стрелци: Тантуровски 42′ (С) – Алан Патрик 55′, Корниенко 65′, Степаненко 69′, Додо 90′ (Ш).
СИЛЕКС: Божиновски, Благојевиќ, Драшковиќ, Тимовски, Ивановски, Карчески, Манасиевски, Серафимовски, Мустафов, Тантуровски, Ѓорѓевиќ. Уште играа: Додевски, Каракамишев, Нешовски, Дурански, Ѓорѓиев
ШАХТЈОР: Пјатов, Болбат, Витао, Кочолава, Матвиленко, Мајкон, Мудрик, Марлос, Антонио, Соломон, Мораеш. Уште играа: Бондар, Дентињо, Фернандо, Алан Патрик, Корниенко, Степаненко, Судаков, Додо, Кривцов