gogo

A+ R A-


Силекс го запре Вардар на „Филип втори“, Филиповски повторно испука „бомба“ (ВИДЕО)

Во еден од подобрите мечеви на Силекс оваа сезона, кратовци успеаја да извлечат голем бод од тешкото гостување кај есенскиот шампион Вардар. Четата на Тасевски одлично започна со погодок на Кристијан Филиповски уште во 4-тата минута, а потоа Вујанац во неколку наврати спасуваше погодоци во својата мрежа. Сепак, српскиот голман не можеше ништо при слободниот удар на Фелипе од 18 метри, откако претходно судијата Ѓорѓевски неколку пати секој контакт околу шеснаесетникот на Силекс го окарактеризираше како фаул.
Во вториот дел Вардар јалово напаѓаше, а Недељковиќ константно беше закана за Гачевски. Во последните секунди Асани можеше да го сврти мечот во своја корист, но беше непрецизен.
alt

фото - Гол.мк

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.