Со комплетно изменет состав и со играчки промени во сите линии на тимот, фудбалскиот прволигаш Силекс ќе влезе во пролетниот дел од фудбалското првенство. По разочарувачкиот пласман на претпоследната позиција која води во понизок ранг на натпреварување, нешто што досега не му се случило на клубот од Кратово, раководството на Силекс се одлучи да го одврзе кесето и зимава да донесе седум квалитетни имиња кои би требало да го направат клубот конкурентен напролет. Најмногу се очекува од новиот напаѓачки тандем, Србинот со македонски пасош Игор Павловиќ и Холанѓанецот со потекло од Суринам, Натано Ватимена.
Павловиќ доаѓа од Мачва (Србија), а порано настапувал за Пелистер и Победа, додека Натано е дел од младинската школа на холандскиот Ајакс. Неколку години настапувал за аматерскиот состав на Ајакс во пониските лиги. Ако се додаде дека Силекс во нападот ги има и докажаните стрелци Заревски и Велинов, прогнозите се дека напролет Силекс треба да се истури од голови.
-Од она што го видов како играчки кадар на Силекс, сметам дека имаме квалитет да се избориме за опстанок. Ангажиран сум за давање голови и сметам дека со добри подготовки ќе се вклопам во тимот и ќе помогнам на тимот во битката за гол прволигашки живот. За неколку дена заминуваме во Охрид на подготовки, каде преку контролните мечеви ќе ја брусиме формата - вели засилувањето Павловиќ.
Кратовци зимава ангажираа и квалитетен голман, иако Даниел Божиновски барем до јуни да остане на голот на Силекс. Негова алтернатива ќе биде Филип Пјевац, кој доаѓа од српскиот клуб Вршац. Во пакет со него стигна и играчот за врска Душан Рајда, а средниот ред е засилен и со домашните фудбалери Денис Миленов и Димче Стојановски, и двајцата поранешни фудбалери на Македонија Ѓорче Петров.
Засега тимот го напуштија Мишовски, Атлески, Богдановски и Васов. Поранешните стандардни првотимци Миневски и Митевски се отстапени на второлигашот Баби, а Крстевски се врати во 11 Октомври.
Силекс го затвора трансфер-пазарот со 6 засилувања
Најново
![]() | Денеска | 1568 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 9106 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 34996 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20953005 |