Раководството на Силекс зимава дефинитивно не спие, туку ангажира играчи кои ќе го одведат клубот втора година по ред до настап на евросцената. Најновото засилување е искусниот Ѓорѓи Мојсов (31), играч со докажан квалитет кој настапувал во многу клубови од земјава но и во странство (Отелул, Ѓер, Жетису, Металац...).
„Го ангажиравме Ѓорѓи Мојсов, искусен фудбалер од средината на теренот кој сигурно ќе ни биде од голема помош во пролетниот дел од сезоната. Ќе ни го донесе неопходното искуство, како и креација во маневарот. Што се однесува до подготовките, работиме напорно, иако снежните услови во Кратово навистина го отежнуваат планот. Но, можеби ваквите услови се и добредојдени за првата фаза од подготовките, а потоа ќе заминеме во Анталија, каде ќе работиме со топка и ќе одиграме пријателски натпревари“, вели тренерот на Силекс, Жикица Тасевски.
Силекс гради тим за Европа, Ѓорѓи Мојсов е најново засилување
Најново
![]() | Денеска | 1096 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 1096 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 26986 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20944995 |