Силекс - Академија Пандев е една од прволигашките пресметки во националниот Куп. Работнички-Шкендија е дерби-пресметката во осмина-финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Бранителот на титулата, Пелистер, во оваа рунда ќе игра против Борец од Велес, а Вардар во второто осминафинално дерби за противник ќе го има тимот на Шкупи.
Куп на Македонија, осминафинални двојки:
Брегалница-Победа
 Работнички-Шкендија
 Кожув-Тетекс
 Скопје-Еуромилк
 Пелистер-Борец
 Силекс-Академија Пандев
 Вардар-Шкупи
 Ренова-Струга Трим Лум
Првите натпревари се закажани за 13 септември (15.30 часот), а реваншите се на 18 октомври (14.30 часот).
















