Екипата на Силекс ги започна зимските подготовки со висока победа над албанскиот третолигаш Корча (4-0).
Кратовчани сериозно пристапија кон натпреварот кој што се одигра во Охрид и постигнаа четири гола во гостинската мрежа. Стрелци на головите беа Додев, Коцев, Благојевиќ и Георгиев.
Струга Трим Љум ќе биде следниот противник на Силекс во рамки од подготвителниот период за пролетниот дел од ПМФЛ сезоната.
В сабота е закажана последната контролка за избраниците на Момчило Митевски, а противник ќе имаат во кичевскиот второлигаш Велазерими.