Ако се суди според пријателските мечеви одиграни летово, фудбалерите на Силекс дефинитивно се наметнуваат како главни претенденти за враќање во елитното друштво. По триумфот над Локомотива од 3-0, ремито со Еуромилк 1-1 и тесниот пораз во рамноправна игра од Работнички 1-2, и тоа сите на гостински терен, конечно кратовци одиграа контролка на свој терен. Ремизираа 2-2 против силната Ренова, во меч кој требаше да го добијат. Први во водство дојдоа гостите, израмни Стојанче Велинов од пенал во првиот дел. Во второто полувреме Бобан Мариќ донесе водство за Силекс, а гостите се спасија од пораз со сомнителен пенал на 5 минути пред крајот.
Веќе в недела кратовци на својот стадион ќе одиграат уште еден контролен меч против Брегалница Штип.
Силекс испушти победа над прволигашот Ренова
Најново
![]() | Денеска | 766 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 8304 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 34194 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20952203 |