По дваесет и една сезона прволигашки фудбал, со три освоени титули во првенството и две во националниот Kуп, кратовски Силекс дочека да биде дел од второлигашкото друштво. Во клубот велат дека испаѓањето од елитното друштво е резултат на лошата селекција на фудбалери, а не на финансиски проблеми, затоа што зад кратовци стои стабилен спонзор. Kратовци летово решија да свртат нов лист и клубот експресно да го вратат таму каде што припаѓа, во елитната конкуренција по само една второлигашка епизода.
Во летниот преоден рок ангажираа дури девет проверени и квалитетни фудбалери, создавајќи второлигашки „дрим-тим“, кој би требало без проблеми да обезбеди пласман на првите две позиции. На голманската позиција се ангажирани искусниот голман на Вардар, Горан Симов и Дуле Павлов од Миравци. Од Пелистер стигнаа ветеранот Сашо Лазаревски и Стефан Магловски. Kратовци најмногу пазареа од штипските клубови. Од Брегалница дојдоа искусниот Елмир Мандак и Томе Јанев, а од Баби стигнаа Бобан Мариќ, Влатко Kоцев и Горан Николов.
- Се одлучивме за драстични играчки промени, кои треба да ни донесат експресно враќање во елитата. Имаме многу нови играчи, па мал проблем ќе биде компонирањето на тимот. Од друга страна, имаме квалитетен фонд на фудбалери со големо искуство, кои треба клубот да го вратат на старите патеки - вели Трајче Сенев, тренерот на кратовци.
Ремонтот во редовите на Силекс е дополнет со заминувањето на многубројната српска колонија од девет фудбалери, која според правилата на ФФМ нема право да настапува во Втората лига. Сепак, најголемата загуба за тимот е заминувањето на голманот Даниел Божиновски, бекот Даниел Лампевски и на напаѓачот Ѓорѓи Заревски. (О.А.)
Силекс изгради второлигашки дрим-тим за експресно враќање во елитата
Најново
![]() | Денеска | 853 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 8391 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 34281 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20952290 |