Солидните резултати кои Силекс ги бележи на стартот од фудбалското првенство, најмногу се должат на квалитетните нстапи на играчите, на добрата атмосфера во тимот, а не на некаква судиска помош. Така беше и вчера, кога Силекс грчевито одолеваше на нападите на Пелистер, успевајќи да ја зачува мрежата недопрена. Стана вообичаено во последните неколку кола противниците на Силекс, а меѓу нив и Пелистер, загубата на бодови да ја припишат на некакви судиски кражби, што не одговара на вистината. На таквите обвинувања одговори стратегот на Силекс, Момчило Митевски.
„Мислам дека нема потреба да се врши таков притисок врз Силекс. Не е во ред неадекватни лица да го коментираат судењето на главниот арбитар, затоа што има поставени органи за такво нешто. Многупати се случувало да има лошо судење и за Силекс, па не кукаме. „Пелистер се покажа како квалитетен противник и задоволен сум од прикажаната игра на моите играчи. Не очекува уште еден дуел против Шкупи, од кој се надевам на позитивен резултат“ – истакнува Митевски.
Силекс извлече бод во Битола, „пелистерци“ незадоволни од судењето
Најново
![]() | Денеска | 3276 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3276 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29166 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947175 |