gogo

A+ R A-


Силекс ја победи Брегалница во генералната проба

текст и фото - Оливер Арсовски

Фудбалерите на Силекс имаа успешна генерална проба пред почетокот на фудбалската сезона, победувајќи ја Брегалница од Штип на домашен терен со 2-1. Избраниците на новиот тренер Љубодраг Милошевиќ играа послабо во првото полувреме, кое заврши без голови. Затоа второто полувреме донесе дури три погодоци, а резултатот го отвори Ристе Наумов, по продорот и ударот на Ангел Нацев. Кратовци бргу возвратија преку новајлијата Благојче Коњарски, а комплетен пресврт донесе Стојанче Насевски поставувајќи ги конечните 2-1. На овој меч кратовци настапија ослабени, без повредениот капитен Никола Мишовски, стоперот Мартин Петров и напаѓачот Ѓорѓи Заревски.

Според она што можеше да го види малубројната публика, и двата тима се претставија во светло издание и за очекување е да немаат проблеми околу опстанокот во новата сезона.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.