gogo

A+ R A-


Силекс ќе ја урива серијата од 15 меча без триумф над Работнички

По кусата пауза за настап на најдобрата сениорска решрезентација, фудбалските возбудувања на македонските терени продолжуваат утре (среда, 13 часот) со мечевите од 14-тото коло. По лошата серија од осум кола без победа, фудбалерите на Силекс врзаа триумф над Брегалница дома и реми на гости со Македонија ЃП. Серијата добри резултати би требало да продолжи против незгодниот Работнички, тим кој ретко губи во Кратово.
Дури може да се каже дека Силекс ја има најлошата серија во меѓусебните дуели со „романтичарите“, а таа изнесува цели 15 меча без победа на кратовци. Силекс последен пат победил на 11 април 2012 година, а одтогаш не знае за триумф.
-Знаеме дека Работнички е квалитетен колектив со добри поединци на сите позиции во тимот. Но, тоа не ги прави фаворити, затоа што играме на домашен терен на кој не смее да губиме бодови. Со максимална борбеност и дисциплина, и исполнување на иснтукциите од тренерот Жикица Тасевски, верувам дека Силекс ќе ја продолжи позитивната серија - вели Антонио Каланоски.
Судија на мечот ќе биде струмичанецот Васко Мавров. alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.