Следејќи го трендот што неколку години е присутен кај еден дел од македонските фудбалски клубови, и прволигаш Силекс се одлучи да оди на подготовки во турскиот туристички центар Анталија.
Кратовци таму ќе бидат од 27-ми јануари до 9-ти февруари, сместени во хотелот „Кремљин Лара“.
Силекс ќе одигра пет пријателски натпревари во Анталија. На 30-ти јануари ќе одигра натпревар против германски Хамбург 08, а на 1-ви февруари против Динамо Тбилиси од Грузија. Два дена подоцна ќе игра против Милсами од Молдавија, на 5-ти февруари против Балмазујварош од Унгарија и пријателските натпревари во Анталија се завршуваат со Тобол од Казахстан.