Кратовскиот прволигаш, и некогашен шампион на Македонија, тимот на Силекс, сезонава стана сериозен кандидат за највисок пласман. На половина од шампионатот, одлично котираат на табелата и планираат со добрите игри и резултати на пролет да обезбедат пласман во Европа. За тоа потребни се добри зимски подготовки, а секако за тоа специјализирана е Анталија.
„Планираме повторно да заминеме за Анталија на двонеделни подготовки, а веќе имаме и закажано пријателски натпревари со 4-5 противници. Верувам дека ќе го оствариме планот, а потоа ќе се обидеме да останеме во трката за висок пласман. Ќе има и засилувања за пролетниот дел од сезоната, но засега се уште нема конкретни имиња“, вели тренерот Жикица Тасевски.
Приоритет за Силекс се добри зимски подготовки, кои според планот на Тасевски и неговите помошници треба да започнат на осми јануари. До 22. ќе се тренира во Кратово, по еднаш дневно во сала и на отворено, а потоа главниот дел е пат за Анталија. Од 22. јануари до 4. февруари е периодот за подготовки во турското одморалиште. Лани во зимскиот период за првпат Силекс беше на подготовки во Анталија.
Силекс ќе одмара до 8 јануари, на 22-ри заминува за Анталија
Најново
![]() | Денеска | 1747 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 32921 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 24191 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20942200 |