Фудбалерите на Силекс ја одработуваат и втората недела од зимсите подготовки, а веќе следната недела се селат во топлата и сончева Анталија. Познати се и противниците на прволигашот од Кратово, се работи за силни руски, украински и азербејџански клубови. Силекс на 24.јануари ќе спарингува со рускиот второлигаш Оренбург, два дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар со Луч Енергија, а на 28.јануари ќе ги одмери силите со полскиот прволигаш Арка Гдиња. Ќе следат контролите со азербејџански Нефчи (30.јануари) и со украинскиот Мариупол Иличивец (31.јануари), а на 2.февруари тестовите ќе бидат заокружени со контрола против Кубан Краснодар.
Кратовци се враќаат дома на почетокот од февруари и последната фаза од подготовките ќе ја одработат дома.
Силекс ќе тестира со полски, руски, украински и азербејџански клубови
Најново

![]() | Денеска | 133 |
![]() | Вчера | 3231 |
![]() | Оваа недела | 23118 |
![]() | Минатата недела | 23846 |
![]() | Овој месец | 72600 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22568692 |















