Дури во петтиот меч одигран во Анталија, фудбалерите на Силекс и се израдуваа на првата победа. До првата радост кратовци стигнаа преку казахстанскиот прволигаш Тобол, кој беше совладан со 2-1. Творци на триумфот беа Антонио Каланоски во 44-та минута и Јован Кастратовиќ во 56-тата минута. Почесниот погодок Тобол го постигна во 73-та минута, но немаа сили за враќање во мечот и позитивен резултат.
Вистинската сила на кратовци ќе се види утре, кога ќе се судрат со балканскиот гигант Динамо Загреб, кој на подготовките во Турција одигра шест меча, на кои забележа четири победи и две ремија. Притоа, и одбраната на Силекс ќе биде на маки, затоа што „модрите“ на сите мечеви постигнуваа барем по два погодока.
Силекс конечно победи, казахстански Тобол е добра увертира пред дуелот со загребски Динамо
Најново
![]() | Денеска | 21553 |
![]() | Вчера | 27292 |
![]() | Оваа недела | 48845 |
![]() | Минатата недела | 221498 |
![]() | Овој месец | 768270 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21973319 |