gogo

A+ R A-


Силекс лета за Анталија на дуели со Рапид Виена, Торпедо, Мариупол, Металац и Монтана

Фудбалската експедиција на Силекс вечерва ги пакува куферите и утре ќе отпатува во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Експедицијата на кратовци за Анталија ќе лета утре рано изутрина, а веќе во недела ќе го одигра својот прв пријателски меч и тоа против Металац од Србија. Овој натпревар ќе го има во директен пренос на ТВ Арена Спорт.

Стратегот Горазд Михаилов и фудбалерите во Анталија ќе ја темираат формата до 9 февруари за кога е закажано враќањето во Македонија.

Инаку покрај контролата со Металац, Силекс ќе ги одмери силите и со Торпедо Москва – Русија (01.2), потоа со Монтана – Бугарија (03.02), следува дуелот со Мариупул – Украина (06.02) иа на крај со Рапид Виена – Австрија (08.02). alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.