Голови...
0-1 39’ Одлична акција наметалурзите по левата страна, Бакрачевски излезе побрз во дуелот со Стефан Рудан и откосо реализираше за водство на својот тим
1-1 47’ Корнер за кратовци по кој се создаде голема мешаница во гостинскиот шеснаесетник. Топката шеташе од нога до нога и заврши кај Стефан Рудан, кој со силен и прецизен удар од работ на петерецот го израмни резултатот.
Зоран Штерјовски
Уште пред почетокот на мечот знаевме дека играме против квалитетен и агресивен противник. Погодокот на гостите малку не исфрли од ритам, но за среќа на самиот почеток од вториот дел се вративме во игра со израмнувачки погодок. Уфрлив уште еден напаѓач, но не успеавме да ја разбиеме противничката одбрана и мечот заврши со најреалниот исход.
Срѓан Захариевски
Честитки за фудбалерите на двата тима кои одиграа солиден фудбал на извонредно тежок терен. Ние имавме повеќе од играта, а Силекс играше повеќе на контранапади. Имавме водство и бевме поблиску до победата, но не успеавме да го задржиме водството. Ремито е реален епилог на овој меч.