gogo

A+ R A-


Силекс-Металург (најава)

Ќе се топи Метал(ург)от

пишува - Оливер Арсовски

И по пет одиграни меча во последниве две години, Силекс нема победа над тимот на Металург. Време е за прва радост, челикот на „металурзите„ мора да се стопи. Ова е заедничката желба на фудбалерите и стручниот штаб на кратовски Силекс во пресрет на утрешниот дуел со „зелените„ од Автокоманда. Кратовци сезонава немаат победа над утрешниот противник, на Железарница одиграа одлично и изборија нерешен резултат, додека на домашен терен киксираа и загубија со минимални 0-1. Време е да се израмнат сметките, да се врати долгот, да се врати атмосферата по поразот во Битола.

„Малку е разнишана атмосферата по поразот од Пелистер, но убеден сум дека ќе се надминеме себеси и дека ќе излеземе како победници од овој тежок меч. На домашен терен никому нема да дозволиме да ни ја преземе фаворитската улога, па ниту Металург нема да ја има таа привилегија. Ним им се многу потребни бодовите од овој меч, но и ние си имаме свои математики кои велат дека бодовите мора да останат во Кратово. Пролетва играм полошо на гостински терен, каде сеуште немам погодок, но затоа на нашиот стадион трипати се запишав во листата на стрелци. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и на утрешниот натпревар и дека токму мојот погодок ќе го реши победникот. Јас имам пријатно искуство против тимот од Автокоманда бидејќи првиот погодок за Силекс го постигнав на пријателскиот меч против Металург одигран зимава во Охрид, па не би имал ништо против утре да имам реприза на тој меч„, вели напаѓачот на Силекс, Амир Дуриќ, кој пролетва е прв избор во нападот на кратовци.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.