Фудбалерите на Силекс новото првенство ќе го започнат со дуел со Металург, в недела на домашен терен во 17 часот. На денешната ждрепка кратовци ја добија струмичка Беласица во рамките на националниот Куп. Мечот се игра на гости.Во првото коло од новото првенство во Првата лига, на 12 август (17 часот) се среќаваат:
Тетекс - Хоризонт Турново
Вардар - Работнички
Дрита - Брегалница 2008
Силекс - Металург
Пелистер - Шкендија
Раководството на Работнички извести дека своите натпревари како домаќин ќе ги игра на стадионот на ФК Маџари, а Ренова сите свои натпревари на домашен терен ќе ги игра в сабота.
Извлечени се и двојките за 1/16 -финалето од Купот на Македонија. Мечевите ќе се играат на 22 август, а се среќаваат:
Караорман - Металург
Маџари - Дрита
Новаци 2005 - Ренова
Баби - Напредок
Локомотива - Миравци
Гостивар - Брегалница 2008
ОФС Кичево (претставник) - Вардар
Плачковица - Шкендија
Беласица - Силекс
Башкими - ГФК Тиквеш
Бабуна - Хоризонт Турново
Љуботен - Еуромилк
Охрид 2004 - Тетекс
Славеј Мешеишта - Пелистер
Астибо - 11 Октомври
Победа јуниор - Работнички
















