gogo

A+ R A-


Силекс минимално ја порази Брегалница, слатка одмазда на Велинов

Силекс – Брегалница 1-0 (0-0)
Стадион на ФК Силекс, гледачи 300, судија Гоце Николов
Стрелец: Велинов во 66 мин. (С)
Силекс: Симов, Лазаревски, Магловски, Милошевски, Јанев, Николов, Коцев, Мандак, И.Насевски, Велинов, Ѓорѓиев. Уште играа: Павлов, Мариќ, Митевски, Миленов, Миневски, Тимовски, Блажев
Брегалница: Божиновски, Глигоров, Стојанов, Блажевски, Мишовски, Велковски, Андонов, Шопов, Здравков, Илиев, Ступиќ. Играа уште: Аксентиев, Божинов, Коцев, Паунов

altФудбалерите на Брегалница имаа лоша увертира пред почетокот на новото фудбалско првенство. Фаворитот на хартија одигра бледо на гостувањето во Кратово, каде претрпе минимален пораз од второлигашот Силекс. Додека имаше свежина во нозете на штипјани, а тоа беше во првите 45 минути, гостите имаа повеќе од играта и неколку прилики за гол. Здравков, Ступиќ и Шопов имаа изгледни шанси да го отворат резултатот, но или беа непрецизни или Симов излегуваше како победник.
Откако падна нивото на игра кај гостинскиот тим, кратовци комплетно ја презедоа играта во вториот дел и го надиграа прволигашот. Дека кратовци се решени да го отворат резултатот, се виде по прошуштените прилики на Николов и Лазаревски на почетокот од второто полувреме. Третата сериозна прилика кратовци ја искористија на најдобар можен начин, со погодок. Мандак повлече брз контранапад, асистираше до Велинов, кој откосо по земја го совлада немоќниот Божиновски, поставувајќи ги конечните 1-0. Во остатокот на мечот, кратовци демонстрираа врвна физичка подготовка, го натрчаа противникот и мечот го одведоа во мирна завршница.   О.Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.