gogo

A+ R A-


Силекс - Миравци 0-0 (ВИДЕО)

Силекс – Миравци 0-0
Стадион на Силекс, гледачи 300, главен судија: Горан Спиркоски, помошници: Зоран Костоски и Марјан Смилкоски, делегат: Крсте Даниловски, жолти картони: Коцев, Митевски (С), Ников, Џонов, Јаков, Попов, Мижоров, Р.Каракамишев, Штерјов (М)

Силекс: Симов, Јанев, Петров, Магловски (од 66м. Митевски), Коцев, Насевски, Мандак, Лазаревски, Николов (од 74м. Мариќ), Ѓорѓиев, Велинов

Миравци: Ников, Џонов, Јаков, Попов, Сулев (од 90м. Џинов), Мижоров (од 67м. А.Петков), В.Петков (од 77м. Улишев), Р.Каракамишев, Штерјов, Б.Каракамишев, Магловски

altНеуверлив старт и само бод за фудбалерите на Силекс во нивниот премиерен меч во второлигашката конкуренција. Домашната публика очекуваше далеку повеќе од новокомпонираниот состав  во кој има играчи со големо прволигашко искуство, од кои се очекува без поголеми проблеми да го одведат клубот на врвот од табелата. Сепак, уште на првата пречка, малку се потсопнаа, можеби поради „тешките нозе“, а веројатно и поради силниот противник. Клубот од југот на земјава знаеше што сака, беа дојдени по бод и успеаја во намерата.
Во првиот дел првата закана ја упати Велинов од слободен удар, а на спротивната страна возврати Сулев со слалом во домашниот шеснаесетник, по кој Симов спасуваше гостинско водство. Во второто полувреме кратовци се разбудија од летаргијата, константно напаѓаа, имаа целосен посед врз топката и неколку зрели шанси за гол. Ѓорѓиев, Велинов и Митевски можеа да го решат мечот во своја корист, но или беа непрецизни или голманот Ников беше на висина на задачата. На истекот на судиското продолжение, гостите од Миравци дури можеа да дојдат и до целиот плен, но ударот на Каракамишев заврши крај дирекот.
Лошиот старт и ремито со Миравци се индикатор дека тренерот Трајче Сенев ќе мора уште многу да работи со екипата за да ги нареди сите коцки. Очигледен е квалитетот, недостига воиграност и малку подобра физичка подготовка.   Оливер Арсовски
(видео во текот на денот)


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.