gogo

A+ R A-


Силекс на чекор до финалето на Купот, но и до Втората лига

alt

Опстанокот е приоритет за напролет, а потсвесно се размислува и за трофеј во националниот Kуп, каде што ќе играме во полуфиналето, вели капитенот Мартин Петров. Пред петнаесетина години кратовскиот прволигаш Силекс суверено владееше во македонскиот фудбал, а есенва го допре дното. Kратовскиот тим ги живее најтешките мигови во последните две децении, со неизвесна иднина и надвиснат над второлигашката бездна. По трофејната ера во деведесеттите години од минатиот век, кога трипати ја освојуваа титулата, двапати пехарот во националниот Kуп, кратовци се стабилизираа во златната средина и се етаблираа како стабилен прволигаш кој никогаш не испаднал од прволигашката конкуренција во самостојната држава. Откако минатото лето раководството на Силекс се одлучи драстично да го подмлади тимот и се откажа од услугите на докажаниот тренер Ане Андовски, колата тргна надолу. Kратовци го забележаа најлошиот пласман во последните дваесетина години, заковани се на претпоследната позиција (11.место од 12 екипи) со само 15 освоени бода од можни 54.

- Бројките говорат дека имаме исклучително лоша полусезона зад себе. Мора да бидеме загрижени бидејќи н` очекува неизвесна пролет. Најмногу ме боли што, со исклучок на еден-два меча, на останатите дуели од никого не бевме надиграни, а најчесто останувавме со празни раце. Си дозволувавме такви луксузи да водиме со два разлика на Работнички во Kратово, а потоа да примиме пет погодоци. Сменивме тренер и работите тргнаа од мртва точка, но се случи тешката повреда на напаѓачот Заревски. И покрај сите непријатности што н` следеа, оптимист сум дека напролет ќе го обезбедиме опстанокот - вели Мартин Петров, капитенот на кратовци.

Целта на Силекс во 21. издание на прволигашкиот шампионат е да избори опстанок и да остане единствениот тим што досега не ја почувствувал горчината од преселбата во понизок ранг.

- Kостурот на тимот ќе биде задржан, а најавени се и неколку квалитетни засилувања. Приоритет ќе ни биде опстанокот, а потсвесно размислуваме и за трофеј во националниот Kуп, каде што ни престои полуфинална пресметка со Тетекс – открива Петров.

Силекс важи за фер плеј екипа. И годинава го доби тоа признание од ФФМ, но желбата ~ е да стигне и до трофеј на зелениот терен, во најмасовното натпреварување, каде што досега трипати играше во финалето, а двапати беше победник. Последен пат кратовци го кренаа куп-пехарот во 1997 година.

Засега во тимот нема никакви играчки промени. Договорот му истече на голманот Даниел Божиновски, но се очекува тој да остане во Kратово. Единствено си замина српскиот интернационалец Влада Радовановиќ.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.