gogo

A+ R A-


Силекс - Напредок 2-1 ВИДЕО

4 од 4 за Силекс, Напредок последна жртва

пишува - Оливер Арсовски

&feature=autoshare

Фудбалската машинерија позната како Силекс продолжува да ги „меле“ противниците во домашното фудбалско првенство. Последна жртва на кратовци беше солидниот состав на кичевски Напредок, кој пружи голем отпор, но не успеа да ја запре победничката серија на Силекс која трае веќе четири кола по ред. Првин падна Хоризонт, па следеше гостинска победа против 11 Октомври, па два домашни триумфи над Работнички и Напредок. Како и претходните три, така и овој дуел кратовци го добија со еден гол разлика, победувајќи со 2-1. Дека „црвено-сините“ се жедни за нова победа, се виде уште на самиот почеток од мечот. Почетната иницијатива резултираше со погодок во 22-та минута, кога бекот Саша Васов прецизно центрираше, а Стојанче Насевски со глава од десеттина метри го совлада Пашовски.

Одлична можност за 2-0 пропушти Темелков по слободниот удар во 44-та минута, кога Пашовски со крајни напори спречи нов погодок. Сепак, грешката е поправена во 49-тата минута, кога расположениот Темелков упати вистинска бомба од 25 метри за убедливо водство од 2-0.

Надежта дека можат да стигнат до бод на кичевци им ја врати Ристе Марковски во 57-та минута, кога постигна ретко убав гол, вистинско ремек-дело. Ударот со сета сила од близу 30 метри голманот Божиновски можеше само да го проследи со поглед.

Sileks_stadion

Сепак, гостите во останатите половина час не успеаја да создадат вистинска прилика за гол, а домашните фудбалери мајсторски го сочуваа водството кое го преточија во нови три бода и зацврстување на четвртата позиција на табелата.

ТАБЕЛА: Вардар 30 бода, Металург 25, Шкендија 21 (-1), Силекс 19, Напредок 16, Охрид 16, Работнички 15, Ренова 15, Тетекс 14, Брегалница 12, Хоризонт Т 9 (-1), 11 Октомври 4 бода.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.