Во првиот натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Работнички на домашен терен на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје го совлада Силекс со резултат 2:0. На тој начин по 16. триумф оваа сезона „романтичарите“ сега се наоѓаат на првото место на табелата со 51. бод, два повеќе од Вардар кој својот меч ќе го има в среда против Тетекс.
Иако не блескаше тимот на Ангеловски во текот на целиот меч, без креирање на голем број шанси, сепак успеаја на крајот да слават на нова победа.
Горан Силјановски од непосредна близина успеа да донесе водство, а по асистенцијата на Норвежанецот Анене конечниот епилог го постави Баже Илијоски кој стрелаше во мрежата на кратовскиот клуб.
РЕЗУЛТАТИ
Работнички – Силекс 2:0(1:0)
(Силјановски 35’, Илијоски 81’)
Металург – Пелистер 3:1(1:0)
(Наумовски 22’, Ѓоргиевски 47’, Радески 61’; Биљали 46’)
Хоризонт Т. - Брегалница 0:1(0:0)
(Ступиќ 63’)
Вардар – Тетекс денеска
Шкендија – Ренова денеска
ТАБЕЛА
1. Работнички 51
2. Вардар (-1) 49
3. Шкендија (-1) 40
4. Ренова (-1) 36
5. Силекс 30
6. Металург 29
7. Хоризонт Т. 25
8. Брегалница 22
9. Пелистер 19
10. тетекс (-1) 9