gogo

A+ R A-


Силекс несреќно поразен од Шкендија со гол во финишот ВИДЕО

Уште еднаш фудбалерите на Силекс го почувствуваа „проклетството“ кога за противник ја имаат тетовска Шкендија, клубот против кој имаат извонредно непријатна традиција и многу порази. Во тој стил и го започнаа гостинските фудбалери мечот кој беше од извонредно значење за домаќините, кој требаше да значи фаќање приклучок со директните конкуренти Дрита и Пелистер. Уште публиката не беше удобно седната на северната трибина, а веќе гостите имаа водство од два разлика. Првата посериозна акција на гостите резултираше со погодок во осмата минута, кога Ејупи натрча на одбиената топка од голманот Божиновски и одблизу реализираше за рано водство. Во 16-тата минута бележиме удвојување на предноста на Шкендија по еден школски изведен контранапад. Брзоногиот Ејупи успеа да побегне по левата страна, правовремено нафрли на подалечниот дирек, каде натрча Шаќири и од неколку метри ја затресе мрежата на кратовци.alt

Веројатно кратовци требаше да примат два погодоци за да заиграат поангажирано, што за кусо време даде плод. Најпрвин во 26-тата минута Павловиќ нанижа двајца противници и асистираше до Стаменковиќ, кој од свртување од работ на шеснаесетникот го намали резултатот на 1-2. Бура од возбудувања бележиме во последната минута од првиот дел, кога Ѓорѓиев влезе во шеснаесетникот и беше соборен од Демири. Арбитарот Марковски досуди најстрога казна, а реализатор беше Павловиќ за израмнување на резултатот.

Осоколени од двата погодоци, кратовци извршија силен притисок на почетокот од вториот дел, но шансите на Велинов, Ѓорѓиев и Павловиќ останаа неискористени. И кога мечот влезе во помирна завршница, едно мало невнимание на Коњарски на центарот од теренот повлече секавичен контранапад на тетовци, по кој Ејупи од десеттина метри со силен удар по земја му донесе големи три бода на својот тим. 

Претседателот Савевски гневен на Марковски

Постигнувањето на третиот погодок на тетовци предизвика бура од реакции кај домашната публика, која му замери на судијата Марковски дека не досудил прекршок над фудбалер на Силекс на средината од теренот. Поова претседателот на кратовци Власто Савевески ги загуби нервите, влета во вербален дуел со Марковски и беше отстранет од теренот. Оливер Арсовски

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.