Прволигашот Силекс, и да сакал, не можел да има полош распоред од оној што му го скрои жребот. По две тешки гостувања на Беласица и Шкупи, еден домашен меч со Работнички, следуваа пак две гостувања, а последното е денес во Кичево, на прилепска Победа. Со цел да избегнат замор од долгиот пат до Кичево, кратовци синоќа заминаа за Охрид, а утринава повторно патуваа, до соседното Кичево. Оптимизмот е на високо ниво, самодовербата порасна, и покрај тоа што Силекс сеуште е фенерџија и во опасната зона.
-Напредок во играта има, атмосферата е победничка, па во тој правец се и нашите очекувања од денешниот меч со Победа. Играме на неутрален терен, никој ја нема предноста на домашниот терен, па ако сме подобри, тоа треба да го докажеме и на теренот. Нема да се залетаме многу, но имам чувство дека денешниот меч со Победа нема да го загубиме - вели брзоногото крило Дарко Додев.
Силекс од Охрид ќе ја нападне Победа во Кичево
Најново
![]() | Денеска | 4448 |
![]() | Вчера | 1807 |
![]() | Оваа недела | 15903 |
![]() | Минатата недела | 21858 |
![]() | Овој месец | 12425 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21217474 |