gogo

A+ R A-


Силекс одигра 6 контролки, двапати победи, еднаш загуби

Подготовките за новата фудбалска сезона полека финишираат, до стартот на првенството остануваат уште само десеттина денови. Фудбалерите на Силекс на планот на одигрување контролни средби беа прилично активни, играјќи во стилот топло-ладно. Започнаа со убедлив триумф против третолигашот Осогово од 7-0, па ремизираа со Беласица 1-1. Следуваше уште еден триумф против Еуромилк од 2-1, па идентичен пораз од Брегалница. Мирољубиво реми беше одиграно и против Тетекс 1-1, а на единственото гостување вториот тим на Силекс одиграа 0-0 против Скопје.
Во првото коло Силекс му гостува на Металург во Скопје.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.