gogo

A+ R A-


Силекс одигра реми во контролката со Еуромилк

Фудбалерите на Силекс ја одиграа и третата контролна средба во летниот подготвителен период. По поразот од Работнички во Скопје со 1-2, победата над Локомотива од 3-0 (стрелци беа Ѓорѓиев 2 и Петров 1), кратовци вчера ремизираа кај новиот прволигаш Еуромилк. На теренот во Горно Лисиче, кратовци со голот на Стојанче Велинов одиграа 1-1 против тимот кој го води Љубодраг Милошевиќ.
alt-Одигравме квалитетно, можевме да го добиеме прволигашот со 2-3 гола разлика. Противникот во немоќ играше многу остро, заработија дури две исклучувања на пријателски меч. Тврдам дека со овој состав што сега настапува во Силекс лани ќе се боревме за првите 4 места во елитното друштво - истакна Велинов.
Кратовци закажаа уште две контролки на домашен терен. Во четврток против Ренова, а в недела со Брегалница Штип.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.