
По десниот бек Ангел Тимовски, уште еден дефанзивец од одбраната на Силекс го напушти клубот. Стојан Стојчевски е првото летно засилување во редовите на Академија Пандев. Стоперот кој до пред неколку дена беше член на Силекс, по кусите преговори со раководството на струмичани стави потпис и во наредната сезона ќе го носи дресот на „пандевци".
















