gogo

A+ R A-


Силекс - Пелистер 2-0 (ВИДЕО)

&;feature=youtu.be

Многу полесно од очекувањата, фудбалерите на кратовски Силекс го совладаа битолски Пелистер со 2-0. Благодарение на фуриозниот почеток, кратовци мечот го решија во првите 12 минути, со погодоците на Ѓорѓиев и Заревски од пенал.

По само 90 секунди, кратовци дојдоа во водство. Васов изведе корнер, на работ од петерецот натрча Ѓорѓиев и му донесе рано водство на својот тим.

Во 6-тата минута Радовановиќ се обиде од слободен удар, но Коруновски одбрани.

На спротивната страна две минути подоцна Елмазовски ја погоди пречката.

На удвојување на предноста не се чекаше долго. Се играше 12-тата минута кога Заревски беше соборен од Лескароски во шеснаесетникот, а судијата Далибор Ѓорѓевски покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше токму фаулираниот Заревски.

Прилика за погодок на спротивната страна пропушти Вељаноски, откако голманот Божиновски исфрли во корнер.

Вториот дел започна со иницијатива на кратовци и шанса за Велинов во 50-тата минута.

Најдобрата можност гостите ја пропуштија во 77-та минута преку Китановски, кој со силен удар ја здрма пречката на голот на кратовци.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.