gogo

A+ R A-


Силекс - Пелистер 2-1 (1-0)

Темелков го спаси Силекс од резил

Оливер Арсовски

Фудбалерите на Силекс бргу заборавија на болниот пораз од Металург во претходното коло и со триумф над Пелистер ги залечија раните. А малку недостигаше, минута-две можеби, битолчани да го направат најголемото изненадување на колото. Упорноста на кратовци и решеноста по секоја цена да се стигне до трите бода беа пресудни и тоа на крајот донесе триумф и посмирена атмосфера во клубот.
Домашните фудбалери тргнаа силовито уште во првите минути од мечот кога Темелков и Заревски можеа да му донесат рано водство на Силекс. Гостите го возвратија ударот преку Бујчевски и Симоновски, но фортуната беше на страната на Силекс. На првиот гол се чекаше се до 38-та минута, кога лукавиот Ангел Нацев успеа да се избори за една топка - отпадок и рутински да го совлада голманот Петровски.
Иако овој гол навестуваше дека кратовци лесно ќе стигнат до победата, сепак така не мислеа "зелените". Откако во вториот дел ги консолидираа силите, Бујчевски во првата посериозна акција му донесе израмнување на својот тим и го однесе мечот во неизвесна завршница. Можеби Пелистер ќе се вратеше и со полн плен доколку Бујчевски искористеше една прилика во 73-тата минута. Откако домаќините фрлија се на една карта, резултатот стигна буквално во последните мигови од средбата. Нацев, најдобриот на теренот, се проби сам во шеснаесетникот и го доведе голманот Петровски во ситуација да мора да го собори. Овојпат судијата Мечкаровски не размислуваше долго и покажа на белата точка. Иако Темелков есеноска промаши пенал на мечот со Скопје, овојпат беше сигурен изведувач на најстрогата казна и со погодокот предизвика ерупција од воодешување кај присутната публика.

Минута по минута...
5' Слободен удар од 25 метри за Силекс, Темелков силни бие по земја, но голманот Петровски со крајни сили успева да го одбрани ударот. На топката натрча Заревски, кој во намерата што побргу да ја упати во голот, се сплетка и ја промаши топката
10' Петковски убаво нафрли во шеснаесетникот на домашните, таму Бујчевски се најде во добра позиција, но млако бие со глава директно во голманот Божиновски
12' Талевски упати опасна топка во петерецот на Силекс, но Мишовски во последен момент ја отстрани опасноста
15' Симоновски без многу размислување упати силен удар од работ на шеснаесетникот, но Божиновски се најде на вистинското место
28' Лампевски убаво го пронајде осамениот Темелков, кој со глава од само неколку метри го префрли голот
32' Васов нафрли во срцето на петерецот, но таму драгарски во последен миг ја расчисти опасноста
38' ГОЛ 1-0 Нацев успева да собере една топка по големиот кикс на потесната одбрана на Пелистер и без многу напор рутински пласираше во небранетиот дел од мрежата на гостинскиот тим
50' Сомнителна одлука на судијата Мечкаровски, откако стартот врз Нацев не го оквалификува како најстрога казна
57' Неуморниот Петковски мајсторски го проигра осамениот Бујчевски кој донесе израмнување и голема радост за гостите
73' Бујчевски пропушти солидна можност за погодок и пресврт по центаршутот на Симоновски
89' Соло-акција на Нацев по која се најде очи в очи со гостинскиот голман, по која не му остана ништо на Петровски, освен да го собори напаѓачот на Силекс. Одговорноста да го изведе пеналот ја презеде Темелков и со прецизен удар му донесе водство и победа на својот тим

Изјави
Ане Андовски
"Заслужена победа за мојот тим, иако навистина тешко стигнавме до неа. Играчите заслужуваат честитики за залагањето, а овој триумф значи многу за нив во борбата за што подобар пласман на табелата", изјави Андовски.

Силекс
Божиновски 2,5
Лампевски 2,5
Мишовски 2,5
Петров 2,5
Васов 2,5
Стојановски 2,5
Атлески 2,5
Дуриќ 2,5 (61' Митевски2,5)
Темелков 3
Заревски 2,5 (64' Насевски 2,5) (90' Костадиновски /)
Нацев 3,5 

од записникот:
Градски стадион во Кратово. Гледачи 500. Главен судија: Димитар Мечкаровски Помошници: Душко Милошевски и Игор Ширилов (сите од Скопје)
Делегат: Зоран Златановски  (Куманово)
Стрелци:   38' Нацев, 89' Темелков (С), Бујчевски 57' (П)
Жолти картони: Мишовски (С), Петровски, Ристевски, Симоновски (П)
Играч на натпреварот: Ангел Нацев (С)


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.