gogo

A+ R A-


Силекс - Победа 2-0 (ВИДЕО)

Голови...

1-0 66’ Танушев нафрли од левата страна, а на пеналтикот највисоко скокна Каланоски и со глава погоди во долниот лев агол на голманот Талески
2-0 90+2’ Акција и гол каков ретко се гледа на македонските терени. Длабоко на својата половина Недељковиќ прими топка, тргна во контранапад, мина педесеттина метри и од 20 метри ја закова топката под пречката на гостинскиот гол.
Жикица Тасевски

Ова беше важен натпревар за нас за да ја вратиме самодовербата по поразот од Шкендија. Имавме план кој на крајот успеавме да го реализираме. Победа се покажа како цврст тим, кој откако го отворивме со првиот гол, потоа креиравме повеќе шанси, од кои Недељковиќ реализираше една за конечен триумф, истакна стратегот на кратовци.
Зоран Штерјовски

Гледавме израмнето прво полувреме, во кое двата тима играа тврд фудбал. Бевме фокусирани да го сочуваме голот, но во вториот дел ни се случи исклулување и се променија работите на теренот. Примивме многу лесен и наивен гол, по кој беше тешко да се вратиме резултатски во игра. Моралот на тимот падна по првиот гол, а исклучувањето мислам дека не влијаеше многу на нашата игра, изјави тренерот на Победа.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.