Денеска во просториите на ФФМ беше одржана ждрепката за осминафиналните дуели во Купот на Македонија, а дефинитивно најинтересната пресметка ќе се игра во Скопје каде Вардар и Македонија ЃП ќе имаат градско дерби. Покрај дуелот на скопските екипи, за одбележување е тоа што бранителот на титулата (Шкендија) ќе ги одмери силите со амбициозниот Кит Го кој настапува во втората лига, додека Работнички оди на мегда на Тиквеш од Кавадарци. Кратовски Силекс налета на ланскиот прволигаш Скопје.
Првите осминафинални натпревари во најмасовното натпреварување во Македонија се играат на 19 овој месец, додека реваншите се закажани за три недели подоцна.
Тиквеш – Работнички
Вардар – Македонија ЃП
Пелистер – Беласица
Гостивар – Победа
Брегалница – Академија Пандев
Скопје – Силекс
Шкендија – Кит Го
Кораби – слободен