Фудбалерите на Силекс се зацврстија на врвот во Втората МФЛ совладувајќи го во Струмица домашниот тим на Тиверија со 1-0. Голот беше постигнат во 26 минута од страна на Николчо Ѓеоргиев. Сo овој триумф кратовци се зацврстија на првото место на табелата откако Тетекс одигра само 2-2 во Прилеп со 11 Октомври.
Пред почетокот на натпреварот во чест на трагично загинатиот претседател на ФФМ, Петар Милошевски, имаше едноминутно молчење на градскиот стадион во Струмица.
РЕЗУЛТАТИ – 18.КОЛО
Руфеја-Новаци 2005 1-1
Врапчиште- Маџари Солидарност 3-1
Тиверија-Силекс 0-1
11 Октомври- Тетекс 2-2
Миравци- Победа Јуниор 2-0
Локомотива- Шкупи 1-3
Дрита-Зајас 1-0
Недела:
Скопје-Борец 14:00 часот
ТАБЕЛА: Силекс 43 бода, Тетекс 39, , Врапчиште 33, Миравци 33, Дрита 29(-1), Шкупи 28 (-1), Победа Ј. 27 Маџари С. 27, Тиверија 25, Скопје25, Зајас 22 (-1), Руфеја 18, 11 Октомври 15,, Новаци 13, Борец 12(-1) Локомотива 8 бода.