По триумфот над Новаци од 2-1, фудбалерите на Силекс попладнево забележаа уште една минимална победа, овој пат од 1-0 над жилавиот второлигаш Еуромилк од Скопје. Кратовци малку потешјо од очекувањата стигнаа до триумфот, и тоа со погодокот на Александар Пановски во 17-тата минута. Тоа беше вистинска мајсторија на вележанецот и ретко убав гол постигнат со удар од над дваесет метри под пречката.
Одлична можност за гол пропушти и Игор Недељковиќ, кога неговиот удар малку откосо гостинскиот голман со судни маки го одбрани. На истекот на првиот дел извонредна можност имаше Гуцев по асистенција на Недељковиќ, но ударот беше млак и по средината на голот. Пред последниот судиски свиреж во 45-тата минута и Пановски имаше колосална прилика, но ударот со глава беше запрен од гостинскиот голман.
На почетокот од вториот дел стратегот Момчило Митевски го промени целиот тим и им даде шанса на резервистите, кои создадоа безброј шанси до крајот на мечот, но Алексиќ, Билали и Младеновски не успеаја да реализираат од чисти позиции. На спротивната страна и гостите имаа неколку зрели можности, но голманот Симов уште еднаш покажа дека не е зрел за фудбалска пензија.
За одбележување е и доброто судење на кумановецот Далибор Ѓорѓевски, кој направи мал превид и во рок од 4-5 минути двапати го пожолте Тимовски, но пропушти да го испрати во соблекувална, или барем да го замени со друг играч.
Силекс продолжува со добрите игри, минимално совладан и Еуромилк (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Најново
![]() | Денеска | 3843 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3843 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29733 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947742 |