Дербито од 4-тото второлигашко коло заврши без победник. Врапчиште ремизираше во многу неизвесен меч со Силекс 1-1. Многу блиску до освојувањето на трите бода беа гостите од Кратово кои 85 минути играа со играч помалку поради исклучувањето на Јанев во 5-тата минута но сепак први го отворија резултатот. Главниот судија Стевче Шулески покажа на белата точка откако еден од домашните играчи играше со рака. Прецизно биеше Петров и Силекс го отвори вториот дел со водство од 1-0.
Кратовци иако хендикепирани со исклучувањето на Јанев играа солидно и лесно му парираа на противникот кој вршеше притисок до последниот судиски свиреж кога буквално во последната секунда Сулејмани ја нафрли топката од 50-тина метри Милошевски ја закачи и таа отседна во голот за конечни 1-1. Ова е прв примен погодок на кратовци во воведните 4 кола. Засега кратовци имаат половичен успех со освоени 6 бода од 12 можни.