gogo

A+ R A-


Силекс пронајде замена за Недељковиќ, Вељко Плазиниќ ќе биде новиот бомбардер

altРаководството на Силекс експресно пронајде замена за голгетерот Игор Недељковиќ во името на српскиот напаѓач Вељко Плазиниќ (26). Се работи за играч кој пред 40 дена беше на проба во редовите на Силекс, очигледно добро се покажал и денес стави параф на договор.
-Потпишав договор на две години. Задоволен сум од она што го видов, се работи за сериозен тим со висок професионализам. Лично, се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата од мене, а на клупски план, се надевам дека догодина ќе обезбедиме излез во Европа - вели српскиот напаѓач.alt
Станува збор за 25-годишен корпулентен фудбалер, кој е висок речиси 190 центиметри. Освен на позиција најистурен во нападот, тој може да настапува и на крилните позиции, но и како полушпиц при што ја користи способноста да го даде завршниот пас за гол шанса. Пред да настапува за Слога Пожега, тим во кој постигна 10 погодоци во ланската сезона, тој има настапувано и за екипи како Драгачево, Слобода Чачак и Полет.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.