gogo

A+ R A-


Силекс - Работнички: Мотиви има до небо, да се одигра за Моцо и да се победи Жикица!

altУтре на програмата е единаесеттото коло на првата македонска фудбалска лига, а се чини, ударен меч ќе биде оној во Кратово, каде Силекс го дочекува Работнички. Кратовци се последни на табелата, Работнички нешто погоре, но со резултати далеку од очекуваните. Токму тоа беше причината Силекс да го смени тренерот Жикица Тасевски, а на негово место да го доведе тандемот Момчило Митевски - Горан Симов. Од друга страна, и романтичарите направија рокада на тренерската позиција, па на местото на Ѓоре Јовановски седна токму Жикица Тасевски.
altЕ токму во овој детал лежи убавината и дражта на утрешното дерби. Фудбалерите на Силекс ќе играат против својот довчерашен тренер, кој одлично ги познава, но со кој немаа добри резултати во првите осум кола. Сега кратовци ќе треба да докажат дека имаат квалитет и дека знаат и можат да му го загорчат денот на Жичо. Мотив плус за домашните фудбалери е здравствената состојба на новиот кормилар Момчило Митевски, кој извесно време, за жал, нема да може да ја предводи екипата. Неговите пулени најавуваат машка борба, сакаат со три бода да му посакаат на Моцо побрза рехабилитација и враќање на клупата. alt
Пред голем предизвик е помошниот тренер Горан Симов, кој заедно со Драган Иванов и Новица Динев ќе мора да смисли тактика со која ќе го изненади Жикица Тасевски, кој знае како дишат играчите на Силекс. Но, јунаците се познавааат кога се на мака, а познавајќи го Симов и неговото големо срце, не се сомневаме дека Тасевски ќе наиде на „нагазни мини“ на жешкиот терен во Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.