Фудбалерите на прволигашот Силекс и понатаму немаат победа во подготвителниот период, но барем проработи нападот на последните две контролни средби. Викендов кратовци одиграа 2-2 во Гостивар, а стрелци беа Велинов и Тимовски. Денеска на терените на ФФМ Силекс ремизираше со второлигашот Скопје со погодокот на Игор Недељковиќ, за конечни 1-1.
Мечот го одбележа еден непријатен момент, кога младиот Роберто Стојков доби комплетно „нов“ изглед на лицето. Со намера да изблокира еден волеј-удар на противнички играч, топката со голема брзина удри директно во лицето на Стојков, при што настрадаа носот и устата на виничанецот, но за среќа нема скршени заби.
Силекс ремизираше со Скопје, а Стојков доби по нос и уста
Најново
![]() | Денеска | 1631 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 13046 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 86971 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22139270 |