Ренова во Кратово се промовираше во нов шампион
пишува - Оливер Арсовски
Последните три натпревари од 28 коло во Првата фудбалска лига на Македонија се одиграа денеска, а екипата на Ренова во Кратово против Силекс освои бод, со што ја потврди првата шампионската титула. За конечниот триумф на Ренова сезонава од голем допринос беше поразот, кој во петокот го доживеа Работнички во Битола. Со тоа "гипсарите" се впишаа меѓу екипите на Вардар, Силекс, Слога Ј, Победа, Работнички и Македонија ЃП како државни прваци. На три кола до крајот на првенството продолжува неизвесноста за тоа кој тим ќе биде втората екипа која ќе игра во бараж-натпреварите за опстанок во лигата. Засега е јасно дека Милано е првата екипа која ќе се бори да го задржи прволигашкиот статус, а вториот патник во баражот ќе се бара меѓу екипите на Победа, Вардар, Тетекс и Хоризонт Турново.
Резултати од 28 коло:
Силекс - Ренова 0:0
Металург - Победа 3:0
Вардар - Хоризонт Турново 0:1
Пелистер - Работнички 1:0
Милано - Тетекс 2:4
Табела:
Ренова 61 бод
Работнички 50
Металург 49
Пелистер 42
Силекс 35
Тетекс 28
Хоризонт Турново 28
Вардар 25
Победа 25
Милано 9.