Силекс освои големи три бода, Јанчевски трагичар
&feature=player_embedded
По голема и прилично израмнета борба, фудбалерите на Силекс сосема заслужено стигнаа до трите бода против фаворизираната Ренова, победувајќи со конечни 2-1. Напаѓачите Ѓорѓи Заревски и Ангел Нацев беа творци на големата победа над тимот од Џепчиште, а за гостите стрелец на погодокот беше Фисник Гаши.
Кратовци уште на самиот старт тргнаа да го надоместат загубеното во претходното коло во Кичево, и веќе во првите 15 минути пропуштија солидни прилики преку Лампевски и Заревски. На спротивната страна возвратија Нухију и Емини, но Божиновски беше на висина на задачата. До водство први стигнаа кратовци во 39 мин. преку Заревски, кој искористи едно милиметарски прецизно нафрлување од Нацев и со глава биеше во небранетиот дел од мрежата. Тимот на Ренова бргу го возврати ударот, во третата минута од вториот дел Гаши упати вистинска бомба од 25 метри во горниот десен агол, а голманот Божиновски не успеа ниту да трепне и беше приморан да ја вади топката од мрежата.
Голот на Ренова како да ги подразбуди кратовци, кои тргнаа на се или ништо и веќе во 63 мин. го вратија водството. Брзоногиот Александар Стојановски одлично нафрли на вториот дирек, а таму во полн трк со глава биеше Нацев. Во прв момент голманот Елези ја имаше топката в раце, но не успеа да ја задржи и таа полека се истркала во мрежата за водство на Силекс од 2-1. Две минути подоцна повторно Нацев е очи в очи со Елези, но се обиде да го дрибла и отиде премногу косо, а шансата пропадна.
Во прилог на тетовци одеше и исклучувањето на Мартин Петров во 81 мин, кога при една мешаница се обиде со лактот да го удри Силјановски, а судијата Дејан Јакимовски му го покажа патот кон соблекувалните. Бројчаната предност на тетовци им даде крилја да нападнат со сите сили, а вистински трагичар во последните пет минути од мечот беше Бобан Јанчевски. Во 87 мин. од само неколку метри биеше со глава крај дирекот, а во следната минута, непречен од никого, од само 7-8 метри го префрли голот на домаќините.
Кога се ќе се собере, победата на кратовци е сосема заслужена, иако немаше да биде неправда доколку гостите си заминеа со еден бод од жешкиот терен во Кратово.
&feature=player_embedded
&feature=player_embedded