Силекс ќе се одмаздува за прекланските 0-5 од Ренова
пишува-Оливер Арсовски
Минималниот пораз во Кичево од Напредок (0-1) не ја наруши добрата атмосфера која владее во редовите на кратовскиот прволигаш Силекс. Кратовци добро знаат дека од Кичево и многу поквалитетни тимови тешко заминувале со бодови, па затоа целосно се свртени кон дуелот од второто коло со Ренова. Убава можност за кратовци да дојдат до првите првенствени бодови, против тим кој редовно го победувале во Кратово, но и тим кој им го нанел најтешкиот пораз на домашен терен пред две сезони. Дел од играчите, меѓу нив и стоперот Мартин Петров, се сеќаваат на тој меч кој кратовци го загубија со 0-5, но сметаат дека Ренова ни од далеку нема тим како тогашниот кој протатне низ Кратово.
-Оваа сезона Ренова има многу ослабен состав, им заминаа неколку играчи. Но, затоа го имаат опасниот напаѓач Јанчевски на кој ќе треба многу да внимаваме. Со добра игра, плус предноста на домашниот терен, ќе атакуваме на трите бода – вели Мартин Петров.
&feature=player_embedded